Нигер
Протеран францускиот амбасадор од Нигер
26.08.2023 09:40
Воениот врв кој ја презема власта во Нијамеј, му нареди на францускиот амбасадор во Нигер во рок од 48 часа да ја напушти земјата...

Воениот врв кој ја презема власта во Нијамеј, му нареди на францускиот амбасадор во Нигер во рок од 48 часа да ја напушти земјата.
Одлуката доаѓа по низата изјави и протести против Франција, откако на 26-ти јули нигерискиот воен врв го собори од власт претседателот Базум и го стави во домашен притвор.
Го обвинува за осиромашување на Нигер и несправување со џихадистичкиот бунт во кој гинат многу цивили и припадници на војската.
