Штип

Недостиг на кадар во штипските градинки

26.08.2023 11:47

Воспитувачки и негувателки заминуваат во пензија, а надлежните министерства не одобруваат нови вработувања, велат во штипските градинки. Проблемот е присутен и во други градови. Се создаваат листи на чекање за упис на децата. Скоро сите градинки работат со поголем број на деца во групите...

За упис на деца во штипските градинки има долга листа на чекање. Воспитните групи се со зголемен број на деца, но и тоа не го решава проблемот. Градинките имаат доволно капацитет, но проблем е недостигот на персонал.

Листа на чекање има и во единствената градинка во Општина Карбинци. Таму персонал има, но градинката е мала, заради што наскоро ќе се проширува

Во Пробиштип листите на чекање за упис во градинка се минато со доградбата на четири занимални во клонот „Срничка“.

Листи на чекање има и во градинките во Кочани, од каде велат дека во минатите две ипол години во пензија заминале 21 вработен, а се пополниле само осум места.

 

 

Славица Величковска