Индија

Повеќемина загинати во пожар на железничка станица во Индија

26.08.2023 12:12

Загинати и повредени во пожар во стационарен возен оддел на железничка станица во јужна Индија...

Загинати и повредени во пожар во стационарен возен оддел на железничка станица во јужна Индија.

Пожарот избувнал околу 5 часот изутрината и горел два часа пред пожарникарите да успеат да го изгаснат. Пожарот го предизвикала плинска боца што ја прошверцувале некои патници.

Несреќите се чести на индиската железничка мрежа, една од најголемите во светот, со околу 22 милиони патници дневно.