Сообраќајната инфраструктура во Тетово стои во место
Во Тетово како печурки никнуваат висококатници, во центарот на Тетово се зголемуваат бројот на жители и возила, а сообраќајната инфраструктура стои во место. Нови улици не се градат, но и постојните не се одржуваат. Една од нив е улицата Борис Кидрич со децении оставена на забот на времето, а една од најфреквентните...

Тетовци велат дека оваа делница одамна требаше да се реконструира и прошири, но останаа само ветувањата и на претходните и на сегашните локални власти, а на терен нема никаква реализација.
Улицата е целата раскопана, а тротоарите откако се изградени пред половина век никогаш не се санирани.
Градоначалникот на Тетово Билал Касами, вели дека одобрени се средства за реконструкција на улицата Борис Кидрич, се очекува да се избере фирма за околу еден месец и да се започне со градежни активности.
Освен што е руинирана на делницата Борис Кидрич ретко се одржува и хигиена. Од видеото се гледа тука одамна не поминале тетовските комуналци. Во лоша состојба се и останатите споредни улици во близина на оваа делница.
Зоран Димовски
