„Тешка сообраќајка“ - симулациска вежба

22.05.2014 16:42

Сообраќајна несреќа со голем број повредени и со изгореници...

Судар на автобус и автомобил. Изгореници, труење со чад- дваесет деца повредени. Се создава паника. Има починат. Интервенираа шест возила на итната медицинска помош. Противпожаните екипи го изгаснаа огнот. Тука беше и полицијата. Ова е само вежба, а целта е да се види подготвеноста за помош.

„На овој начин се помага здравствениот систем да се дигне на повисоко ниво за побрз и поквалитетен одговор во вакви масовни несреќи“, вели Никола Тодоров- министер за здравство.

Во светот милион и 240 луѓе годишно умираат во сообраќајни несреќи. Во земјава 162-ца – покажала статистиката на светската здравтвена организација.

„Овој глобален проблем има решение. Кое е решението и кој е патот до него – превенцијата и се разбира постојканата подготвеност  за одговор во вакви состојби“, вели Снежана Чичивалиева – СЗО.

Шеста година по ред се изведуваат вакви симулациски вежби. Оваа ќе се реализира и на меѓународната конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата.

 

Андријана Атанасовска