Железнички сообраќај

Бојкот на машиновозачите, пругите празни

26.08.2023 15:04

Машинскиот и извршен персонал во Железници-Транспорт го прекина товарниот и патниот сообраќај поради неисплатен втор дел од јулската плата. Бојкотот ќе трае до исполнување на барањето...

Машинскиот и извршен персонал во МЖ-Транспорт повторно во бојкот што донесе парализира на железничкиот сообраќај. Оттаму бараат исплата на вториот дел од платата за јули.

Синдикалецот Тони Димовски смета дека е недозволиво речиси секој месец да се соочуваат со истиот проблем и со непочитување на договореното, па затоа и побара целосна исплата на платите. Тој рече дека се незадоволни и од условите за работа – работеле четири локомотиви, две за патнички и две за товарен превоз, другите се на ремонт.

Димовски бара да се зголемат коефициентите за плати за машинскиот персонал, иако е свесен дека железница се дави во долгови. Двете претпријатија имаат околу 1.500 вработени. МТВ побара, но не доби став од директорот на Железница – Транспорт за бојкотот и барањата на синдикалците.

 

 

Игор Панов