ОЈО
Обвинителството ги бара снимките од надзорните камери на „Ист гејт“ за вчерашното пукање
26.08.2023 16:17
Oбвинителството сè уште работи на утврдување на идентитетот на учесниците во пукотницата во подземниот паркинг на трговскиот центар „Ист Гејт Мол“...

Oбвинителството сè уште работи на утврдување на идентитетот на учесниците во пукотницата во подземниот паркинг на трговскиот центар „Ист Гејт Мол“.
Ќе се проверуваат снимки од видеокамери, поставени во и околу трговскиот. Издадена наредба и за вештачење на возилото, кое подоцна беше пронајдено опожарено.
Во инцидентот беше пукано кон 39 годишниот скопјанец. Мотивите дополнително ќе се утврдуваат.
