Куманово
Двојниот убиец од Куманово и претходно бил пријавуван за семејно насилство
26.08.2023 16:27
Последниот случај на фемицид во Куманово ја згрози јавноста...

Последниот случај на фемицид во Куманово ја згрози јавноста. 8 годишното дете, кое било сведок на трагедијата, во која неговиот 46 годишен татко со нож ја уби 40 годишната сопруга и нејзината мајка, а потоа се самоуби, е згрижено од роднини.
Надлежните сè уште ги расчистуваат сите околности. Мажот и претходно бил пријавуван за семејно насилство.
