Турција
Земјотрес го стресе Кахраманмарас во Турција
26.08.2023 17:42
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала го погоди турскиот Кахраманмарас, место кое претрпе разорен земјотрес претходно оваа година...

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала го погоди турскиот Кахраманмарас, место кое претрпе разорен земјотрес претходно оваа година.
Регистриран е во 11.58 часот по локално време. Како што соопшти Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени.
Епицентарот бил во населбата Нурхак во Кахраманмарас. Земјотресот се случил на длабочина од 6,99 километри.
