Романија
Еден загинат и десетици повредени во експлозии на бензинска пумпа во Романија
27.08.2023 09:57
Едно лице загина, а десетици се повредени, меѓу кои и неколку пожарникари, откако синоќа се запали бензинска пумпа во село на околу 30 километри северно од Букурешт...

Едно лице загина, а десетици се повредени, меѓу кои и неколку пожарникари, откако синоќа се запали бензинска пумпа во село на околу 30 километри северно од Букурешт. Неколку домови беа евакуирани од областа. На пожарот му претходеа две експлозии.
„Европскиот систем за цивилна заштита е активиран. Се трудиме да спасиме колку што можеме“, изјави Марсел Чиолаку, премиер на Романија.
Експлозиите се случија на станица за гориво што обезбедува течен нафтен гас за апаратите за домаќинство и кој се користи како алтернатива на бензин и дизел во некои возила.
