Украина

Уништени украински дронови над регионите Брјанск и Курск

27.08.2023 10:01

Москва извести дека соборила две украински беспилотни летала над регионите Брјанск и Курск...

Москва извести дека соборила две украински беспилотни летала над регионите Брјанск и Курск. Од друга страна, украинската армија соопшти дека Русија во текот на ноќта извршила напад врз Киев и други делови на Украина. Сирените за воздушна тревога се огласија и во други региони. Повеќе од 20 земјите им се придружија на членовите на Групата седум богати демократии во прогласувањето безбедносни гаранции за Украина, тврди Зеленски.

„Нашиот тим продолжува да работи. Сега има вкупно речиси 30 земји, вклучувајќи го и Г7. Ќе има повеќе. Почнавме преговори со Канада за билатерален документ за безбедносни гаранции. Претходно почнавме преговори со САД и Обединетото Кралство“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Украинскиот претседател со сочувство до семејствата на тројцата пилоти кои загинаа во несреќа откако два авиони се судрија во воздух над регионот Житомир.