САД

Во Флорида застрелани Афроамериканци

27.08.2023 10:06

Вооружен напаѓач уби тројца Афроамериканци, а потоа се самоуби во Џексонвил, Флорида...

Вооружен напаѓач уби тројца Афроамериканци, а потоа се самоуби во Џексонвил, Флорида. Според властите, нападот имал расна основа. Човекот, опишан како белец и во неговите рани 20-ти, влегол во продавница и отворил оган, по што предизвикал судир со полицијата.

„Сакам да бидам многу јасен дека нема апсолутно никакви докази дека стрелецот е дел од некоја голема група. Знаеме дека тој дејствувал сосема сам“, изјави Т.К. Вотерс, шериф во Џексонвил.

Шерифот рече дека стрелецот – кој сè уште не е официјално именуван – носел лесна полуавтоматска пушка и пиштол.