Судан
И натаму жестоки битки јужно од Картум
27.08.2023 10:17
Жестоки битки и натаму јужно од Картум...

Жестоки битки и натаму јужно од Картум. По вчерашната експлозија како резултат на бомбардирање на позициите на Силите за брза поддршка во близина на аеродромот во главниот град на Судан, борбите продолжија меѓу суданската армија и ривалските паравоени сили.
Се проценува дека во конфликтот загинале најмалку 4.000 луѓе. Од Канцеларијата за човекови права на ОН велат дека бројот на загинати е веројатно многу поголем.
Судан беше втурнат во хаос во средината на април по неколкумесечните тензии меѓу војската и силите за брза поддршка.
