Високите температури закана за прифатните центри

22.05.2014 17:09

Од Обреновац и околината, опасноста сеуште ги следи раселените лица...

Над 31 илјада ги има во Белград, во белградскиот саем се околу 700-ни. Високите температури за луѓето кои пред една недела ги напуштија домовите,влијаат на нивното здравје. За среќа, нема поголеми инфекции, велат во стручните медицински тимови, секој лекар од нив опслужува и по 120 пациенти дневно. Тие го гаснат пожарот,но како да се справат со стресот предизвикан од вознемиреноста и неизвесноста и којшто создава нови случаи на дијабетес.

„Стресот секако им го намалува имунитетот и затоа се повеќе подложни на инфекции,има бактерии и вируси.Засега ги нема во голем број .Се трудиме да ги санираме со ова внимание се надеваме дека овие болести нема да напредуваат“, вели Примариус Д-р Љиљана Тушуп Петровиќ општа медицина

Примаруиусот Љиљана,меѓу две превивања, вели дека во центарот имало и породувања. Во него се сместени и 139 деца, од нив 40-тина најмалечки се под постојан надзор на педијатрите, негувателките но и на заболекарите.

Донациите постојано пристигаат во прифатниот центар на Белградскиот саем. Нашата Калиопи веќе седми ден е низ Босна и Србија. Заморот е присутен, но хуманоста надвладува. Мајките и дечињата денеска добија елементарни хигиенски намирници од Македонија. Не е многу но е од срце.

Во понеделник е големиот хуманитарен концерт во организација на владата и целиот македонски народ, да направиме се, да собереме уште повече средства, бидејчи помошта не е само сега и тука, допрва доаѓаат тешки моменти за овој народ“, вели Калиопи Букле – естрадна ѕвезда

Координацијата во прифатните центри е на највисоко ниво,тимови волонтери од различни служби се постојано со раселените лица. Некои дури и немаат претходно искуство со вакви трауми и справување со последиците од елементарните непогоди.

„Во моето кратко искуство, ова е првпат.Што да ви кажам, емоциите се мешани, ние сепак сме со студена глава за да им помогнеме на луѓето во оваа несреќа и да им ја олесниме состојбата во која се затечени.Нема инциденти досега, се тече според планот“, вели Марија Вукиќ координатор Црвен Крст Белград

Планот пак на овие несреќници е очигледен. Нивните погледи се насочени спрема западот,кон родните огништа во очекување на дозволата од властите час поскоро да вратат дома.

Зоран Богатинов, специјален дописник од Белград