Австралија

Тројца американски маринци загинаа по пад на авион за време на вежби во Австралија

27.08.2023 11:09

Тројца маринци загинаа, а 20 се повредени откако се урна американски воен авион во Австралија во близина на островот Тиви, северно од Дарвин за време на воена вежба...

Тројца маринци загинаа, а 20 се повредени откако се урна американски воен авион во Австралија во близина на островот Тиви, северно од Дарвин за време на воена вежба.

Австралиското Министерство за одбрана прецизираше дека во авионот имало само американски воен персонал. Во вежбата во која учествуваат 2.500 војници од САД, Австралија, Филипините, Источен Тимор и Индонезија, ова е втор инцидент со фатален исход.

Четворица австралиски војници загинаа минатиот месец кога нивниот хеликоптер се урна во морето кај брегот на Квинсленд.