Македонија

СВР Штип за четири месеци казни 136 мотоциклисти

27.08.2023 11:24

Штипјани реагираат на брзото возење и бучавата од мотоциклистите. Од полицијата велат дека редовно ги санкционираат прекршителите. Апелираат возачите на мотоцикли да носат заштитни кациги и да ги почитуваат сообраќајните правила бидејќи тие се најчести жртви во сообраќајните незгоди...

Бучавата од мотоциклистите во ноќните часови во Штип е честа тема на социјалните мрежи, а голем е и бројот на пријави во Секторот за внатрешни работи. Оттаму велат дека постапуваат по секоја пријава и ги санкционираат прекршителите.

Младите се главни актери во ноќните трки. Сообраќајната статистика укажува на опасностите на кои се изложуваат тие, но и другите учесници во сообраќајот

Задолжително носење заштитна кацига и почитување на сообраќајните правила се предуслови за безбедно учество на мотоциклистите во сообраќајот. Казната за неносење кацига изнесува 50 евра, за возење без дозвола 250, за измината регистрација до 500 евра, а за техничка неисправност следи одземање на мотоциклот.

 

 

Славица Величковска