Македонија

Симон Трпчески со Македонисимо во Секирник – родното село на мајка му

27.08.2023 12:10

Цели два часа траеше настапот на Симон Трпчески со Македонисимо во населеното место Секирник Општина Босилово од каде е потекнува неговата мајка. По ланскиот концертот во Збажди на Караорман родното село на татко му одлучи овој проект да го претстави и во Секирник бидејќи како што кажа тоа се села од каде му се корените и села кои се извор на македонската музика...

Претесен беше училишниот двор во населеното место Секирник каде Симон Трчески го презентираше проектот Македонисимо. Беа изведени транскрипции на македонска традиционална музика во која речиси два часа уживаа посетителите. По Збажди родното село на татко му, Трпчески се одлучи концерт да реализира и во родното село на мајка му бидејќи како што кажа тоа се места од каде му потекнуваат корените.

Музичкиот проект Македонисимо ја презентира Македонија со својата богата културна и музичка традиција смета Трпчески.

Концертот на Трпчески е дел од манифестацијата Културно лето Босилово 2023 рече градоначалникот на ова општина Ристо Манчев.

Со концертот во Секирник Трпчески со Македонисимо ја започнува балканската турнеја и ќе вклучи настапи во Хрватска Србија Словенија Црна Гора и Романија.

 

 

Ване Трајков