Регион

Тешка сообраќајна несреќа на патот Ужице-Златибор

27.08.2023 12:56

Тешка сообраќајна несреќа меѓу патнички автомобил и цистерна се случи изутрината околу 8 часот на патот Ужице-Златибор, во Србија. Во несреќата, како што јавуваат српските медиуми, загинаа брачен пар на 65 и 66-годишна возраст и деветгодишно девојче...

Тешка сообраќајна несреќа меѓу патнички автомобил и цистерна се случи изутрината околу 8 часот на патот Ужице-Златибор, во Србија. Во несреќата, како што јавуваат српските медиуми, загинаа брачен пар на 65 и 66-годишна возраст и деветгодишно девојче.

Брачниот пар загинал на самото место, а девојчето им подлегнало на повредите во болница. Во животна опасност е уште едно девојче на 11-годишна возраст, кое е пренесено во болница.

Според првичните информации, четворицата се возеле во патничко возило марка „шевролет“ кога на магистралниот пат, на Ложионскиот мост во Ужице, возачот на автомобилот излегол од колоната и преминал на спротивната страна, по што се судрил со цистерната.