Македонија

Повторно се разгоре пожарот кај Ајватовци

27.08.2023 13:02

Пожарот кај Ајватовци повторно активен. Гори на два крака. За гаснење од воздух активирани два хеликоптери на МВР. Во гаснење вклучени пожарникари од скопската бригада и мештаните...

Пожарот кај Ајватовци повторно активен. Гори на два крака. За гаснење од воздух активирани два хеликоптери на МВР. Во гаснење вклучени пожарникари од скопската бригада и мештаните.

Сепак, надлежните велат селото Ајватовци не е во опасност. Пожарот зафати повеќе од 100 хектари борова шума.

Синоќа биле загрозени селото Ајватовци и манастирот, но благодарение на пожарникарите, граѓаните, кои дејствуваа заедно со хеликоптерите и авионите од воздух, пожарот беше ставен под контрола.