Македонија

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица

28.08.2023 08:22

Македонската православна црква и нејзините верници денеска, 28-ми август, го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, еден од најголемите христијански празници посветени на Богородица...

Македонската православна црква и нејзините верници денеска, 28-ми август, го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, еден од најголемите христијански празници посветени на Богородица, која во народот е позната како Голема Богородица. Ова е значаен христијански празник, не само кај православните, туку и кај католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.

Празникот ја одбележува земната смрт на Богородица и, според Евангелието, тоа е денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот.

Сите обичаи во врска со празниците посветени на Мајката Божја се засноваат на почитување на нејзиниот култ, во кој се вклопени верувања и ритуали од народната религија.

Денеска завршува и постот кој започна на 14 август, а верниците одат на причест во црква.

Празникот Успение на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте најголеми христијански празници, посветен на денот кога таа се преселила на небото. Богородица се смета за заштитник на сите христијани и на градот Скопје.