Временска прогноза
Сончево и многу топло со температура до 38 степени
28.08.2023 08:27
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени, извести УХМР.
