Пробиштип

Ќе се санира јаловишната депонија и на неа ќе се постави фотоволтаична централа

28.08.2023 08:57

Пробиштип е рударски град, но и град со најголемата еколошка закана во регионот – старата јаловишна депонија со 11 милиони метри кубни хидро јаловина со тешки метали, која ги контаминира воздухот, почвата и водата. Санацијата на јаловишната депонија сега ја кочат урбанистички пречки, кои треба да бидат решени до ноември...

Пробиштип е рударски град. Рудникот за олово и цинк „Злетово“, односно „Булмак“ е носечки столб на економијата во општината каде над 400 семејства егзистираат од рударството. Но Пробиштип има и еколошка бомба, старата јаловишна депонија која се протега на околу 40 хектари и која заради тешките метали и хемикалии е закана за природата, но и здравјето на жителите

Локалната власт изработи проектна документација за санација на јаловиштето и поставување фотоволтаични панели на целата површина. Постапката треба да заврши во ноември, а наредниот месец пробиштипјани ќе може да учествуваат и во јавна расправа за проектот.

За ефектите од несанираната јаловишна депонија правени се низа студии кои покажуваат дека во земјата во атарот на селата Стрмош, Неокази, Петришино и Бучиште, има зголемен процент на олово, цинк, бакар, кадмиум и манган. При посилни ветрови правот од депонијата се шири низ целата општина.

 

 

Славица Величковска