Украина

Зеленски: Построги казни за корупција

28.08.2023 09:38

Претседателот на Украина, Зеленски, рече дека наскоро ќе побара од парламентот построги казни за лицата осудени за корупција за време на војната...

Претседателот на Украина, Зеленски, рече дека наскоро ќе побара од парламентот построги казни за лицата осудени за корупција за време на војната. Тој најави дека пратениците ќе го добијат предлог-законот следната недела. Рече и дека е поставен дневниот ред за состаноците на високата команда на украинските вооружени сили.

„Ќе има одлуки што ќе ни овозможат дополнително да ја зајакнеме нашата војска. Ќе им дозволиме на воените команданти поактивно да ја подготват инфраструктурата за новите украински авиони. Барањата од секоја од единиците се многу јасни. Токму такви треба да бидат резултатите на украинската дипломатија“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.