Нигер

„Франција да ги повлече сите свои војници“,бараат пучистите во Нигер

28.08.2023 09:53

Пучистите во Нигер бараат Франција да ги повлече сите свои војници. Пучистите веќе ги повлекоа потписите од неколку меѓудржавни договори, а се очекуваат протести пред зградата на амбасадата на Франција...

Пучистите во Нигер бараат Франција да ги повлече сите свои војници. Пучистите веќе ги повлекоа потписите од неколку меѓудржавни договори, а се очекуваат протести пред зградата на амбасадата на Франција.

Пучистите и членовите на воената хунта во Нигер, плашејќи се од меѓународна изолација, се откажаа од протерување дипломати од другите западни амбасади, освен францускиот амбасадор, кому му е наредено да ја напушти земјата до понеделник.