Одбележување

Денеска се празнува Денот на рударите

28.08.2023 12:11

Денеска 28-ми август, се празнува и Денот на рударите во Македонија. Празникот е во спомен на штрајкот на рударите од рудникот Лојане, кумановско во 1929 година за подобрување на работните услови и зголемување на личните доходи. Заштитничка на рударите е Пресвета Богородица, и затоа се слави на истиот ден...

Денеска 28-ми август, се празнува и Денот на рударите во Македонија. Празникот е во спомен на штрајкот на рударите од рудникот Лојане, кумановско во 1929 година за подобрување на работните услови и зголемување на личните доходи. Заштитничка на рударите е Пресвета Богородица, и затоа се слави на истиот ден.

Министерот за економија Крешник Бектеши го честита празникот на сите рудари. Посочувајќи дека рударите се наш бесценет човечки ресурс, а рударството е основна гранка за индустриски развој на државата, а следејќи ги актуелните случувања во светот, оваа индустрија ќе стане основен фактор за опстанок и развој, посочи Бектеши во честитката.

Македонските рудари се соочуваат со бројни проблеми и тешки услови за работа. Тоа мора да се промени. Потребни се достоинствени услови за работа и платен труд – порача во честитката за денот на рударите опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.