Прилеп

Помалку првачиња во новата учебна година

28.08.2023 12:17

Прилепските основни и средни училиште се подновија, ама за помалку ученици и нерешени прашања за учебниците. Трендот на иселување продолжува како и неизвесноста од што ќе се учи и како...

Петте средни и десетте основни прилепски училишта се подготвени, ама наставниците и учениците ќе се снаоѓаат како знаат и умеат без сите учебници. Ланската практика на скрипти и интернет-истражувања ќе се повтори во новата учебна година што долгорочно се одразува на квалитетот на школството и образованието кај младите. Наставниците се чудат кој крај да го фатат. Некаде стигнале некои учебници, но недоволно.

За 100-тина е намален бројот на првачињата. Едно од основните училишта во центарот на градот во просек запиша само по 12 деца во одделение. За шест месеци во претходната учебна година родителите отпишаа 300 ученици и заминаа од државава. Во училиштата не се изненадени и за годинава.

Новата учебна година отвори повеќе прашања отколку што понуди одговори и за преку 10.000 основци и средношколци во Прилеп.

 

 

Елизабета Митреска