Секирник

Русалиите го презентираа фолклорот и традицијата на Македонците бегалци од Кукушко

28.08.2023 12:34

Во струмичко Секирник се одржаа традиционалните Русалиски средби на кои играорци го презентираат фолклорот обичаите и традицијата на Македонците бегалци од Кукушко. Станува збор за игри и ора кои ги негуваат потомци на децата од македонскиот егзодус во 1913 година а се претставија пет Русалиски друштва од земјава.

Одекнаа тапаните и зурлите во Секирник струмичко каде се одржаа Русалиските средби. Играорци во специфична носија со клчки го негуваат фолклорот традицијата но и културната историја на Македонците бегалци од Кукушко. Како потомци на децата бегалци Русалиите ја продолжија мисијата да не се заборават корените кажа организаторите.

Русалиите се хумани мисионери кои со своите игри и ора ги истеруваат злите духови и собираат дарови за црквите. Токму благодарение на Русалиите жителите на Секирник ја имаат црквата Упсение на Пресвета Бгородица

На средбите во Секирник освен домаќините настапија и русалии од Миравци, гевгелиско, Неготино, Делчево и Кочани.

Ване Трајков