МОБ во хуманитарна акција за Босна и Србија

22.05.2014 18:03

Дека македонскиот народ е хуман, говори и фактот што билетите за „Фауст“ беа распродадени за многу брзо време, со цел да им помогнеме на нашите соседи.

Оперските уметници масовно се вклучија во акцијата за помош на настраданите во поплавите. Уште поголемо е задоволството кај оние што учествуват во претставата, а се со потекло од Србија.

„Не сум баш пресреќен што во оваа претстава учествувам на таков начин, но допринесувам во хуманитарната акција и сакам да ви се заблагодарам , на вас, нашите соседи, неколку пати ме расплакавте“, Иван Томашев од Србија во улогата на Мефистотел

Одговорните во македонската опера и балет велат дека собраните средства најбрзо што може ќе им бидат испратени на оние на кои во моментов им е најпотребна.

„Комплетниот приход од досегашната претстава, ќе оди во добротворни цели за настраданите во Босна и во Србија, мислам дека тое е еден убав гест, уметноста е таа која прва ги крши границите и бариерите, човечноста е пред се“,Крсто Скубев-раководтел на секторот за маркетинг на МОБ

Во хуманитарната акција е вклучен и драмскиот театар. Ќе има две претстави. В понеделник е големиот хуманитарен коцерт.

Александра Перевска