Крводарителство

Хуман чин за дарување на драгоцената течност

28.08.2023 13:18

По 21-ви пат се организира крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. Со неа се покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје...

Дарувањето крв спасува три животи, на нечие срце му е потребна нашата драгоцена течност. Крводарителите велат ова е хуман и несебичен чин со кој се спасуваат нечии животи, но и се врши контрола на нивното здравје, бидејќи крвта се тестира на низа заразни болести пред да се употреби во здравствени цели.

Возрасните кои над 30 пати ја дарувале својата крв, велат ќе го прават тоа сè додека ги држи здравјето. На младите мотивацијата е да им помогнат на оние кои им е најпотребна. Повикаа-нивната генерација да се вклучи помасовно во дарувањето.

Специјалистот по трансфузиона медицина вели од крвта, се издвојува она најдрагоценото, плазмата, еритроцити и тромбоцити. Според Ефтимовски најважно е тој што дарува да биде во добра физичка кондиција и да немал хронични болести, како и да не примал антибиотска терапија во последниот месец.

Активистите на Црвениот крст се задоволни од одѕивот, особено во летниот период поради недостиг од доволно залихи на најскапоцената течност.

Годишно во земјава во просек се собираат околу 60 илјади единици на крв кои според експертите се сосема доволни за потребите на медицинските установи. Најниската старосна граница за дарителите е 18 години, мажите можат да даруваат на три, додека жените на четири месеци.

 

 

Игор Панов