Забрана за религиозна облека во училиштата во Франција
Забрана за носење на религиозна облека во француските училишта. Ова одлука ја донесе Министерството за образование. Министерот Атал изјави дека државата е одвоена од религијата. Од Унијата на учители на Франција побараа чувствителната регулатива да се спроведува со внимание...

Пред самиот почеток на учебната година, француската влада ги изненади училиштата. Министерот за образование Атал ја објави забраната за носење религиозна облека, поодредено на абајите, целосните покривки кај ученичките-муслиманки. Забраната стапува во дејство од четврти септември, објаснувањето е дека државата е секуларна, одвоена е од религијата.
„Секуларизмот е фундаментален, училиштето во републиката е изградено врз силни вредности и столбови, еден од нив е секуларизмот. За абајата и за камишот, потполно сум свесен овие работи се над човечките состојби. Зад учениците кои носат, има и студенти и семејства и ние треба да разговараме со нив, да им објасниме и најчовечно да ги образуваме. Она што го направив, пред сè, да воспоставиме јасни правила на национално ниво и со тоа училиштата и директорите да не се најдат во ситуација дека се сами во проценките и донесувањето одлуки. Инструкциите се во секој случај јасни“, изјави Габриел Атал министер за образование на Франција.
За француската унија на учители оваа одлука може да придонесе самите ученици да почнат да го напуштаат образованието, што е назадување во важниот општествен процес.
„Ќе посветиме посебно внимание како одлуката се применува од директорите на училиштата. Ако се спроведува на еден извршен, речиси воен начин. Постои ризик учениците да го напуштат јавното образование и да се префрлат во некои верски или законски непризнаени училишта“, изјави Софи Венетитеј заменик генерален секретар на унијата на учителите.
„Ова е расистичка, ксенофобична, антимуслиманска, исламофобиска саботажа што уште еднаш треба да стигматизира, да ги осуди пред сè младите девојки, што ќе создаде сложеност, многу тешкотии, преку конфронтирање на директорите на училиштата со невозможна еднаквост. Што е абајата, по што се разликува абајата од долгите фустани?“-изјави Пол Ваниер пратеник во францускиот Парламент.
Власта бара спроведување на Законот за секуларизам, којшто се однесува и на образованието од 2004-та. Сепак, поради зголемената имиграција во Франција, дијалогот треба да е основа на примената на оваа чувствителна регулатива, велат синдикалците.
Зоран Богатинов
