Уран нов лидер на Џиро
После десет денови Џиро Д, Италија доби нов лидер во трката!

Тоа е Колумбиецот Ригоберто Уран, возач на „Омега фарма квик степ“, кој денеска направи двоен успех.:победи во етапата и ја облече розовата маица! Во 12-етапа, која се возеше на хронометар од Барбареско до Барло во должина од 42 километри , Уран имаше најдобро време: 57 минути и 34 секунди со што ја постигна првата своја гранд-тур победа во кариерата. Втор резултат постигна Италијанецот Диего Улиси, а трет Австралиецот Кадел Еванс, кој после десет дена му ја препушти розовата маица на Уран.
Џиро Д,Италија-12 етапа
1.Уран(Кол) 57.34 мин.
2.Улиси(Ита) +1.17 мин.
3.Еванс(Австралија) + 1.34
Генерален .пласман:
1.Уран (Кол) -
2. Еванс( Австралија) + 0.37 секунди
3. Рафал Мајка (Чешка) + 1.52 мин.
