ВМРО-ДПМНЕ: Власта нема легитимитет, потребни се избори
Власта нема мандат во Собранието за менување на Уставот-тврди лидерот на опозицијата Мицкоски. Затоа се неопходни предвремени избори. СДСМ бара од ВМРО-ДПМНЕ да не го блокира донесувањето на уставните амандмани. Министерот за надворешни Османи со процена-дека ќе бидат реализирани измените потребни за европските интеграции на Македонија. За политичките ставови...

Власта го загуби кредибилетот кај народот и политичкиот легитимитет, бидејќи нивната главна политика за носење на уставните измени под бугарски диктат, удрија во ѕид, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него потврда за тоа е седницата на 18-ти август, за која вели дека покажала дека владата го немала потребното мнозинство и како што вели и по 10 тина дена сè уште нема 80 пратеници за промена на највисокиот правен акт во земјава.
СДСМ, заедно со граѓаните и европскиот блок ќе стори се за да ги надмине блокадите на Мицкоски соопштија од владејачката партија. Според социјалдемократите Мицкоски ја кочи европската интеграција затоа што не му е гајле за граѓаните и оти е посветен на блокади и деструкции и дејствува на штета на државните и националните интереси велат од СДСМ. Според шефот на дипломатијата Османи процесот за уставните измени во државава ќе заврши успешно во наредните недели и месеци. Во интервју за МИА тој вели дека процесот е почнат и одлуката е поздравена од САД и Европската унија.
Викторија Милевска
