Швајцарија
Поплави долж реката Рајна и во Словенија
28.08.2023 19:56
Поплавени се области околу реката Рајна во швајцарскиот Кантон Сент Гален во близина на езерото Констанца...

Поплавени се области околу реката Рајна во швајцарскиот Кантон Сент Гален во близина на езерото Констанца. Според тамошните метеоролози, проблем е и топењето на снегот од планинските врвови високи над 3 илјади метри.
Се очекува топењето да продолжи и во наредните денови. И во Словенија во теков на денов се поплавени областите околу Копер на северозападот од земјата.
Оттаму пристигнуваат информации за поплавени села, особено западната област Горишка.
