Временска прогноза

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд

29.08.2023 08:00

Од УХМР информираат дека локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења...

Во Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР информираат дека локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе се намали за пет до осум степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме.