Македонија
ЦУК: Од 29 пожари вчера, еден е активен во Општина Липково
29.08.2023 09:17
Од вчерашните 29 пожари, успешно биле изгасени 28. само еден шумски пожар во Општина Липково, над селото Извор и селото Белановце е активен...

Од вчерашните 29 пожари, успешно биле изгасени 28. Само еден шумски пожар во Општина Липково, над селото Извор и селото Белановце е активен, но со намален интензитет, информираат од Центарот за управување со кризи.
Екипите се на терен, ја следат состојбата.
ЦУК информира дека се изгаснати 28 пожари, по два во општините Старо Нагоричане, Теарце и Радовиш, а три во општина Зелениково. Изгаснати се и пожарите во општините Липково, Кавадарци, Струга, Ѓорче Петров, Илинден, Студеничани, Боговиње, Прилеп, Долнени и Кочани. Пожарите биле на локации со сува трева, ниска вегетација, грмушки, стрништа, мешана шума, отпад...
