Украина

Зеленски: Произведуваме оружје по стандардите на НАТО

29.08.2023 09:27

Продолжуваат борбите на терен во Украина. Претседателот Зеленски изјави дека Украина произведува оружје по стандардите на НАТО...

Руската воздушна одбрана соборила два украински беспилотни летала над регионот Тула. Инаку, украинскиот претседател Зеленски изјави дека военото производство на Украина е неколкупати пати повеќе од претходно, и дека е според стандардите на НАТО.

„Произведувавме и продолжуваме да произведуваме различни проектили. Нашата војска ги одобрува и сака уште повеќе. Но, не можете ни да замислите колкаво количество произведуваме. Што се однесува до артилерија, ќе почневме да градиме артилерија со стандард на НАТО, која таа никогаш не постоела во Украина. Сега имаме артилерија од домашно производство која денес е на бојното поле“, изјави Володимир Зеленски, украински претседател.