Велика Британија

Хаос на аеродромите поради компјутерска грешка во Британија

29.08.2023 09:36

500 летови беа откажани во Британија поради техничка грешка во системите на контрола што предизвика хаос во авиосообраќајот и проблеми за стотици илјади патници...

500 летови беа откажани во Британија поради техничка грешка во системите на контрола што предизвика хаос во авиосообраќајот и проблеми за стотици илјади патници кои патуваа на продолжен празничен викенд.

Патниците на британските аеродроми и низ Европа биле оставени во неизвесност, со пореметени планови за патувањата, додека авиопревозниците не можеле да потврдат дали и кога нивните летови ќе полетаат.

Системскиот проблем се очекува да предизвика нарушување на авиосообраќајот во следните неколку дена.