Свирепото убиство-самоубиство ги потресе граѓаните на Ново лисиче
Вечерта, Адријана тргнала на роденден кај пријателка, но, патот и го пресекол Горан. Караницата на двојката набрзо излегла од контрола и почнале да се бркаат околу зградите. Наместо прослава, се случила трагедија.

Во моментот на убиството соседното кафуле било полно со граѓани. Случајот во полиција го пријавил очевидец. Од МВР информираат дека оружјето со кое Горан го извршил убиството било на неговиот татко кој легално го поседувал.
Извршен е увид во присуство на надлежен јавен обвинител, од самото место, на убиствто и самоубиството подигнати се три чаури, подигнат е пиштолот со кој е извршено убиството и самоубиството“, вели Иво Котески, портапарол на МВР
Свирепото убиство ги потресе жителите на Аеродром. Дел од нив сеуште се вознемирени од настанот.
По извршениот увид, телата на починатите се предадени на обдукција. Според неофицијалните информации, двајцата биле вработени во Јавното сообраќајно претпријатие.
Викторија Тодоровска
