Регион

Силно невреме со дожд ја зафати Словенија

29.08.2023 11:28

Силен град падна на југозапад, дождот поплави подруми, оштети имот и предизвика проблеми во транспортот...

Невреме со дожд ја погоди Словенија, најмногу во Љубљана и на крајбрежјето. Силен град падна на југозапад, дождот поплави подруми, оштети имот и предизвика проблеми во транспортот. 

Три главни патишта во главниот град повеќе часови беа надвор од функција. Затворени за сообраќај беа и голем број регионални патишта.