Втор ден Бледски стратешки форум
Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ ќе учествува на дебата „Збогум Европа-глобален вазал или глобален лидер: Европа во ново геополитичко време“...

На вториот ден од стратешкиот форум во Блед, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ ќе учествува на дебата „Збогум Европа-глобален вазал или глобален лидер: Европа во ново геополитичко време“, каде ќе учествуваат и вицепремиерката и министерка за надворешни и европски работи на Словенија Тања Фајон, министер за надворешни и европски прашања на Словачка Мирослав Влачовски, Федерика Могерини ректор на Колеџот на Европа и Аранча Гонзалес, декан на Париската школа за меѓународни односи.
Попладне министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на панел-дискусија „Западен Балкан: сè се менува, но се останува исто?“
