Политика
Поранешниот пратеник од Алтернатива, Скендер Реџепи ќе формира политичка партија
29.08.2023 11:40
Во телевизиско гостување, Реџепи рече дека тоа доаѓа како резултат на незадоволството во Алтернатива, бидејќи, појаснува тој, како партија не му дале можност за промени внатре во партијата.
Независниот пратеник Скендер Реџепи, кој недоамна ја напушти партијата Алтернатива, најави дека ќе формира нова политичка партија.
Во телевизиско гостување, Реџепи рече дека тоа доаѓа како резултат на незадоволството во Алтернатива, бидејќи, појаснува тој, како партија не му дале можност за промени внатре во партијата.
Според Реџепи, иако можеби бројот на албански политички партии во нашето општество се чини голем, тој смета дека по „прв пат во историјата на плурализмот може да се случи Албанците да одат со два табора на избори“.
