МВР

Приведен крадец во Гостивар

29.08.2023 12:36

Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил две тешки кражби, едната во трговски објект во Гостивар, а втората во гостиварската болница.

Вчера околу 20 часот и 30 минути, на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 23-годишниот С.Д. од гостиварско Чегране.

Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил две тешки кражби, едната во трговски објект во Гостивар, а втората во гостиварската болница.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот ќе се соочи со соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.