СОНК нема да го поддржи најавениот штрајк на Независниот синдикат за образование
Синдикатот за образование и наука (СОНК) нема да го поддржи штрајкот на Независниот синдикат за образование кој најави дека од први септември ќе ја бојкотира наставата поради незадоволството од ниските примања и непочитувањето на одредбите од колективниот договор. Во изјава за МТВ, претседателот Јаким Неделков смета дека премногу е кратко времето за да се организира штрајк, а барањата се неосновани...

Голема е веројатноста почетокот на новата учебна година да почне со штрајк. Независниот синдикат за образование е во финални подготовки, но засега нема информации, дали и ќе се случи. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека нема да го поддржат бојкотот на наставата бидејќи одлуката е задоцнета. Барањата, според Неделков се неосновани.
Преговорите меѓу СОНК и Министерството за образование и за финансии се во завршна фаза, вели Неделков, кој уште и најави дека растот на септемвриската плата за просветните работници ќе биде поголема од најавените 10 насто. Информираше дека при крај е и изготвувањето на колективните договори во основното и средното образование.
Од Независниот синдикат ја најавија можноста за штрајк од први септември. Според претседателот на синдикатот Гиевски, наставниците не се задоволни од тоа како се спроведува колективниот договор. Според него, револтот кај просветарите се должи и на најавениот нов концепт во образованието и од ниските примања.
Викторија Милевска
