Образование

Училиштата во Штип и Карбинци подготвени за настава

29.08.2023 13:43

Надлежните во образованието во Штип и Карбинци не очекуваат проблеми во стартот на училишната година. Училиштата и ученичкиот превоз се подготвени, но загрижува опаѓањето на бројот на првачиња во Штип. Во селските училишта во двете општини бројот на првачиња е на ланското ниво...

Основните училишта во Штип се подготвени за старт на наставата. Петте централни, со подрачните училишта во четири села и три приградски населби деновиве вршат дезинфекција на училиштата, а подготвен е и превозот на учениците.

Во подрачните училишта учат 190 деца, бројот на првачиња во подрачните училишта е скоро ист како и минатата година.

Општествено одговорни компании ги опремија првачињата од Штип и Карбинци со ранци и училиштен прибор, а Општина Карбинци обезбеди и парична помош од три илјади денари за семејствата со првачиња. Намалувањето на првачиња е поизразено во градот.

Во Штип на список за упис се 582 првачиња, до сега се запишани се 403.

 

 

Славица Величковска