Османи на средба со колегите од регионот, евроинтеграцијата во фокус на разговорите
Минестерот Османи нагласи дека покрај јасна временска рамка за следното проширување на Унијата, концептот на забрзана интеграција на регионот пред членството ќе донесе поголема предвидливост, стабилност и ќе го зајакне кредибилитетот на политиката за проширување.
На маргините на Бледскиот стратешки форум, шефот на дипломатијата Бујар Османи се сретна со неговите колеги од регионот. Тема на разговорите евроинтеграцијата на Западен Балкан како нивна стратешка определба.
Минестерот Османи нагласи дека покрај јасна временска рамка за следното проширување на Унијата, концептот на забрзана интеграција на регионот пред членството ќе донесе поголема предвидливост, стабилност и ќе го зајакне кредибилитетот на политиката за проширување.
Со нетрпение ги очекуваме предлозите за конкретна операционализација на овој нов концепт, кој според нас би бил од клучно значење за надминување на разликите и забрзување на процесот на целосна интеграција во ЕУ, посочил Османи.
