Образование

Мала е веројатноста дека новата учебна година ќе почне со штрајк

29.08.2023 14:51

Од Независниот синдикат сè уште бараат поддршка од репрезентативните организации. СОНК дециден- нема да го поддржи штрајкот. За МТВ претседателот Неделков вели дека преговорите со МОН се при крај, а просветарите од септември ќе добијат плата повисока за 10 насто. Од МОН велат дека се отворени за дебата за надминување на проблемите…

Мала е веројатноста дека учебната година ќе почне со штрајк. Претседателот на Независниот синдикат за образование, Гиевски за МТВ вели-очекувам поддршка од СОНК и од прогресивниот синдикат со кои преговара за да има репрезентативност за организирање бојкот на наставата. Оцени дека барањата за повисоки плати и подобрување на колективниот договор се оправдани.

СОНК нема да го поддржи најавениот штрајк, според претседателот Неделков одлуката за бојкот е задоцнета и барањата се неосновани. Информира дека во тек се преговорите меѓу СОНК и министерствата за образование и за финансии, кои според него, треба да резултираат со зголемување на септемвриската плата за повеќе од најавените 10 насто.

Во моментов најмалку се потребни нови грижи за учениците и прекинување на наставниот процес, реагираат од МОН. Посочуваат дека се отворени за дијалог со синдикатите бидејќи предизвиците, како што велат, се надминуваат со дискусија.

Од образование информираат-во тек се преговори со СОНК за изготвување нови колективни договори за основното и за средното образование.

Викторија Милевска