ЦУК

Три куќи ноќеска биле зафатени во пожарот кај Бељаковце и Руѓенце

29.08.2023 14:56

Три куќи ноќеска изгореа во пожарот кај Бељаковце и Руѓенце. Луѓето од селата безбедно евакуирани. Според ЦУК, вчера имало вкупно 29 пожари и сите се локализирани и изгаснати. Од 2021 година до сега 265 подметнати пожари има регистрирано МВР. 81 од случаите се расчистени...

Три куќи ноќеска биле зафатени во пожарот кај Бељаковце и Руѓенце. Луѓето од селата биле безбедно евакуирани, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Ангелов. Според него, иако се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено, овој пат морале и во текот на ноќта да се борат со огнените стихии.

Земјава има ресурси за справување со пожарите, вели директорот на Центарот за управување со кризи, но посочи дека има недостиг на пожарникари, особено во главниот град. Од 2021 година до сега Министерството за внатрешни работи има регистрирано 265 подметнати пожари. Од нив расчистени се 81 и против сторителите се поднесени соодветни поднесоци.

Надлежните институции апелираат да не се палат стрништата и граѓаните да не фрлаат догорчиња од цигари.

 

Ана Јосифовска Тодоровска