Почна изградбата на затворен училиштен пливачки базен во Струмица
Во Струмица почна изградбата на затворен училиштен пливачки базен а овие денови вакви објекти ќе почнат да се градат и во општините Кавадарци и Карпош. Вкупната инвестиција за трите базени изнесува 2,5 милиони евра а овие спортски објекти треба да бидат во функција на учениците од основните и средни училиште...

За период од две години Струмица треба да добие затворен пливачки училиштен базен. Вака најави директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски откако почнаа изведбените работи за овој објект кој ќе чини околу 825 илјади евра.
Затворени пливачки базени овие денови треба да почнат да се градат и во општините Кавадарци и Карпош истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт.
Базенот во Струмица со должина од 25 и широчина од 12 метри, ќе биде наменет за учениците. Како што истакна градоначалникот Костадинов со изградба на овој објект се заокружува целиот спортскиот комплекс во Струмица.
Од Агенцијата за млади и спорт информираа трите затворени пливачки училишни базени во општините Кавадарци и Карпош и Струмица чинат околу 2,5 милиони евра средства обзбеди од Владата.
Ване Трајков
