Влада

Утврден е текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Спогодбата за регионална соработка и координација на потрагата и спасувањето во областа на воздухопловството

29.08.2023 17:33

Владата го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација...

Владата го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина, Владата на Република Бугарија, Владата на Република Хрватска, Владата на Унгарија, Владата на Република Северна Македонија, Владата на Црна Гора, Владата на Република Србија, Владата на Словачката Република и Владата на Република Словенија, за соработка и координација на потрагата и спасувањето во областа на воздухопловството, потпишана на 22 февруари 2023 година, во Охрид.

Со Спогодбата, како што е образложено од предлагачот, Министерството за надворешни работи, се утврдува рамка за соработка помеѓу страните потписнички во спроведувањето активности на потрага и спасување во цивилното воздухопловство и се пропишуваат нивните различни одговорности, со цел во целост да се придржуваат кон нивните обврски утврдени во стандардите и препорачаните практики на Меѓународната организација на цивилно воздухопловство – ICAO.