Макрон: ЕУ треба да се реформира за влез на други нации
Францускиот претседател сугерира дека ЕУ треба да биде храбра за да најде начини за интегрирање на земјите кандидати, меѓу кои се наоѓа и Македонија. На конференцијата на амбасадори Емануел Макрон рече дека ЕУ треба да се реформира ако сака да интегрира нови нации...

Макрон: ЕУ треба да размисли за „Европа со повеќе брзини“ за да се справи со проширувањето
Францускиот претседател сугерира дека ЕУ треба да биде храбра за да најде начини за интегрирање на земјите кандидати, меѓу кои се наоѓа и Македонија, Емануел Макрон притоа рече дека ЕУ треба да се реформира ако сака да интегрира нови нации.
Францускиот претседател Емануел Макрон во говорот на конференцијата на амбасадорите во Париз, рече дека ЕУ „можеби“ треба да се еволуира кон Европска унија со „повеќе брзини“ додека размислува за интегрирање на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан.
Макрон останува на неговата идеја дека ЕУ треба да се реформира ако сака да интегрира нови земји членки и мора да изгради консензус со повеќе од 30 земји-членки.
„Срцето на Европа има потреба од поголема интергарција ако сакаме да се соочиме со присутните предизвици и ако сакаме да бидеме посилни и постабилни, ние сме ангажирани на патот на проширувањето, особено кон Западен Балкан. Бидејќи е невозможно да се има една Европа која на некој начин би била погодена со геополитичка нестабилност и интерференции и еден бесконечен процес кој ја храни безнадежноста и поделбите“, рече Макрон.
Францускиот претседател останува на старата позиција на Париз, односно идејата која ја изнесен пред пет години – прво реформи на ЕУ, а потоа проширување.
„Ризикот е да мислиме дека можеме да мислиме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко да напредува на чувствителни теми со 27 членки. Со 32 или 35 членови, нема да биде полесно Ќе ни треба смелост, да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и Европа со повеќе брзини“, рече Макрон.
Францускиот претседател не објасни како ќе функционира оваа Европа со повеќе брзини, но додаде дека е неопходна ревизија на процедурите на ЕУ за блокот да ја продлабочи и задржи „својата привлечност“.
Макрон, исто така, навести дека ќе ги објасни своите размислувања за проширувањето и реформите на ЕУ во месеците што доаѓаат и пред изборите за ЕУ следната година.
Според неколку француски функционери, владата на Макрон работи на неколку предлози за Европа со повеќе брзини, кои би вклучиле создавање неформални групи на земји-членки кои би работеле на одредени области на политиката.
И Украина и Молдавија добија статус на кандидат за ЕУ во јуни, а неколку гласови бараат ЕУ да ги отвори преговорите за пристап до декември.
И покрај знаците дека украинската контраофанзива напредува побавно од очекуваното, Макрон, исто така, ја повтори својата целосна поддршка за Украина.
„Русија не може и не смее да победи. Тоа би било крај на секоја доверба во меѓународното право. Украина ќе биде инвестиција во однос на дипломатијата и ресурсите во годините што доаѓаат. Не можеме да се преправаме дека овој напор не постоел“, им рече тој на дипломатите.
Тони Гламчевски
